За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс.
За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јули изјави дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи ја како причина промената на безбедносната ситуација во регионот предизвикана од Русија.
Науседа истакна дека во моментов не постојат планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но дека укинувањето на забраната би ѝ овозможило на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната состојба.
Според него, Литванија ќе остане потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

