Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците

Истанбулската полиција добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството на платформата X.

Во соопштението се наведува дека полицијата извршила рации во 124 места во Истанбул и дека се уапсени 115 лица, од 137 осомничени по кои се трагало. За време на апсењето на осомничените, запленети се неколку пиштоли и муниција. 

Турската разузнавачка служба МИТ во вторникот го уапси Мехмет Горен, член на Исламска држава Корасан (ИД-К) и спречи планирани напади за Нова Година, а операцијата ја разоткри и мрежата за регрутирање на терористичката организација.

Горен, познат под кодното име Јахја, беше уапсен во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан и донесен во Турција. Според разузнавачките извештаи, тој се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на раководна позиција во ИД-К по обуката во кампови долж границата. 

Турските власти, исто така, издадоа налози за апсење на 10 осомничени за финансирање на мрежата на ИД во Анкара. 

На 19 декември, жандармеријата во Анкара предупреди дека ИД планира напади за време на новогодишните празници во фрекфентни области, вклучувајќи трговски центри и пазари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата