Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.
Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија..
ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава..
Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.

