Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири (приближно две милијарди евра).
Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни места.
Но, „Туркиш ерлајнс“ не наведе на која локација ќе биде изграден карго терминалот и ресторанот.
Седиштето на „Туркиш ерлајнс“, која е една од најголемите авиокомпании во светот, е во Истанбул. Турскиот авиопревозник поседува 514 авиони и превезува повеќе од 85 милиони патници и два милиони тони товар годишно.

