„Црна сабота“ на патиштата низ Европа- во Франција колоната е долга над 1000 километри

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Црна сабота“ на патиштата низ Европа- во Франција колоната е долга над 1000 километри

Зголемен интензитет на сообраќајот е забележан денеска низ цела Европа поради летните одмори и заминувањето на туристите, колоквијално наречено „Црна сабота“, а сообраќајните метежи и редици достигнаа должина од над 1.000 километри во Франција.

Сообраќајот на патиштата во Франција, според BFM TV, беше дополнително забавен поради две несреќи на автопатот кон Медитеранот, односно атлантскиот брег.

Според податоците од Bizon Fite, француската агенција за следење на условите на патиштата, до 7 часот утрово редовите биле подолги од 200 километри, а до десет часот наутро редот бил подолг од 570 километри, а по 12 часот достигнал до 1.024 километри.

Како што е објавено, метежот е во согласност со прогнозите на оваа агенција, која предупреди на „екстремно тешки сообраќајни услови“ оваа сабота, а врвот на метежот се очекува околу пладне.

Сообраќајот кон Алпите е исто така интензивен и застоен, со задоцнувања од еден час и 45 минути во тунелот Монблан кон Италија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата