Трамп повлекува 5.000 војници, пристигнаа првите реакции од Германија и НАТО

2.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп повлекува 5.000 војници, пристигнаа првите реакции од Германија и НАТО

Повторувајќи ги претходните изјави на германскиот министер за одбрана, Харт рече дека овој потег ја нагласува потребата Европа да продолжи да инвестира повеќе во одбраната и да преземе поголема одговорност за безбедноста на регионот, објавува „Гардијан“.

Во изјава за Платформа X, Харт подетално ја објасни позицијата на алијансата. „Работиме со САД за да ги разбереме деталите од нивната одлука за распоредување на сили во Германија.“

Поради најавеното повлекување на американските војници од Европа се огласи и германскиот министер за одбрана.

-Беше предвидливо дека САД ќе повлечат дел од трупите од Европа истакнал Борис Писториус.

Тој нагласи дека военото присуство на САД останува важно, но додаде дека овој потег е очекуван.

„Ова е во наш интерес и во интерес на САД, но беше предвидливо дека САД ќе повлечат дел од трупите од Европа, вклучително и од Германија“, рече Писториус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата