Мисирките, наречени Слобода (Freedom) и Пердуви (Feathers), беа поштедени од судбината да завршат на масата за Денот на благодарноста, но само Слобода присуствуваше на настанот на Јужниот тревник на Белата куќа, објавува АП.
Јавноста имаше можност да гласа преку интернет и да одлучи која од птиците, по потекло од Западна Вирџинија, ја заслужува честа да се појави на церемонијата.
BREAKING: Trump pardons two turkeys https://t.co/0nj9Fn9mWd
— Kalshi (@Kalshi) November 24, 2026
Двете мисирки ќе го поминат остатокот од својот живот на Универзитетот Тексас А&М.
Откако им посака на Американците среќен Ден на благодарноста и ги потсети на она што тој го нарече успеси на неговата администрација, Трамп ја стави раката на грбот на белата мисирка и го објави помилувањето.
„Честитки“, ѝ рече Трамп на птицата додека ги допираше нејзините задни пердуви, објавува АП.
На Трамп му се придружи неговата сопруга Меланија Трамп и бројни службеници од неговата администрација.
Тој објави дека церемонијата за помилување на мисирки следната година ќе се одржи во новата сала за бал во Белата куќа.
Според Белата куќа, ова било 79-то помилување на мисирка, иако практиката станала редовна годишна традиција дури за време на мандатот на американскиот претседател Џорџ В. Буш во 1989 година.

