Видеото ги прикажува Трамп и Обама како седат и се смеат во Белата куќа, пред агентите на ФБИ да влезат во собата, да го турнат Обама на земја и да му стават лисици. Следната сцена го прикажува Обама како шета низ својата ќелија во портокалова затворска униформа. „Никој не е над законот“, рече Трамп.
BREAKING 🚨 Donald Trump posted an Ai video of Obama getting handcuffed and thrown in prison
— MAGA Voice (@MAGAVoice) July 20, 2025
I ABSOLUTELY VOTED FOR THIS 🔥 pic.twitter.com/ZflRcjRKOc
Габард се заканува дека ќе ги гони соработниците на Обама
Објавата на Трамп дојде откако директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, се закани дека ќе ги гони службениците на администрацијата на Обама, обвинувајќи ги дека подготвуваат „предавничка завера“ за да ја прикажат победата на Трамп на претседателските избори во 2016 година како резултат на руско мешање.
Таа предупреди дека Обама и високите службеници во неговата администрација „поставиле основа за повеќегодишен државен удар“ против Трамп по неговата победа над Хилари Клинтон.
Фокс њуз неодамна објави дека поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, се под истрага за наводни злоупотреби поврзани со минатите владини истраги за наводите за руско мешање во изборите во САД.
Разузнавачките агенции во 2017 година проценија дека „целите на Русија биле да ја поткопаат довербата на јавноста во американскиот демократски процес, да ја дискредитираат Хилари Клинтон и да ја нарушат нејзината изборност и потенцијалното претседателствување“.