Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

15.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

Израелците ја информирале администрацијата на Трамп дека планираат убиство на ​Хамнеи. Откако била информирана за планот, Белата куќа јасно им ставила до знаење на израелските претставници дека Трамп е против таквата идеја.

Администрацијата на Трамп настојува да избегне поширок конфликт во регионот, а планот за атентат врз Хамнеи го смета за потег што би го разгорел конфликтот и потенцијално би го дестабилизирал целиот Блиски Исток.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска одби да ги коментира информациите за планот за убиство на Хамнеи.

- Има толку многу лажни извештаи за разговори што никогаш не се случиле - нема да навлегувам во тоа. Но, можам да ви кажам, мислам дека го правиме она што треба, и ќе направиме се што е потребно. Мислам дека САД знаат што е добро за Америка, рече Нетанјаху во изјава за американските медиуми.

Тајмс оф Израел, пак, ја пренесува изјавата на советникот за национална безбедност на Изрел, Цахи Ханегби, кој ги негира таквите тврдења, нарекувајќи ги „лажни вести од највисок ранг“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата