Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина

„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа. Мислам дека можеби имаме добри вести“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе присуствува на разговорите со руските и украинските делегации во Абу Даби, соопшти вчера Белата куќа.

Зеленски претходно објави дека следната рунда трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари.

На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на разговорите беше на прекин на војната и продолжување на мировниот процес. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата