Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

6.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до  Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата