Трамп ја пофали поддршката на ОН за неговиот мировен план за Газа

18.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ја пофали поддршката на ОН за неговиот мировен план за Газа

„Ова ќе влезе во историјата како едно од најголемите одобрувања во Историјата на Обединетите нации, ќе доведе до понатамошен мир низ целиот свет и е момент од вистински историски размери“, напиша Трамп на Трут Соушл.

Советот ја усвои резолуцијата доцна синоќа, при што 13 членки гласаа за, а Русија и Кина беа воздржани. Мерката поддржува план на САД кој вклучува распоредување на меѓународна сила за да помогне во стабилизирање на прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Трамп ги пофали оние кои го поддржаа предлогот, но не упати никаква референца за Израел, Хамас или Палестинците во неговата изјава.

Резолуцијата го поддржува планот од 20 точки што Трамп го објави кон крајот на септември. Тој предвидува Газа привремено да ја администрира комитет од непартиски палестински технократи и меѓународни специјалисти, надгледуван од ново преодно тело познато како Одбор за мир, со кое, според објавата наТрамп, тој лично ќе претседава.

Се очекува да бидат најавени и дополнителни членови, вклучувајќи го и поранешниот британски премиер Тони Блер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата