Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став, со оглед дека тој изјавата ја даде со насмевка за време на митинг во Гарден сити, во близина на Њујорк..
Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа дека САД имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец..
Од Иран веднаш возвратија дека теснецот останува под иранска контрола и дека Вашингтон не може да го преземе ниту со воени закани, ниту со политички изјави.
-Откако ќе завршиме и ќе го победиме Иран, кој е многу тешко поразен.Ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на САД.Навистина ни оди добро, ни оди добро во секој поглед. Знаете, ја изградив војската и ја користев малку повеќе отколку што сакав, искрено, но во ред. Не смееме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Дали се согласуваме? - истакна Трамп.
