Трамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САД

17.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САД

Важен историски момент -вака беше оценката од официјална Москва откако Трамп на само два дена пред стапувањето на сила ги замрзна санкциите односно го суспендираше спроведувањето на новите санкции против Русија, вклучително и високите царини за земјите што купуваат руска нафта и гас. Одлуката е донесена по договорот кој го имаа Трамп и Путин, стотици илјади руски дизел да биде досатпен на САД и светскиот пазар односно првично во најкус можен рок да има околу 300 илјади тони.

Претседателот на САД Трамп со извршна наредба  ги суспендираше  дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.

„Му доставив на Конгресот потврда дека ваквото изземање во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави“,  Трамп

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русијаа не е заинтересирна за мировни преговори и го критикуваше договорот за извоз на руски дизел со оценка дека ова само ќе ги наполни џебовите на Путин за финансирање на војната проитв Украина. Зеленски запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп, го користи како „жртвено јагне“ за своите проблеми, неговиот одмор ги насмеа присутните новинари.

-Ова е мојот одговор

Францускиот претседател Макрон за постапката на Трамп рече дека само се поткопува довербата и дека Европа нема да ја напушти поддршката кон Украина

 -Со ова се ипраќа негативна порака и се предизвикува недоверба. Затоа мислам дека не е корисно што ќе се трудам да го објаснам дека треба да се работи на корисни мерки за да се намалат цените на горивата.- Володимир Зеленски

Европската Унија подготвува пакет санкции против Русија, со порака дека економскиот притисок врз Москва. А дека Путин не ја запир авојната покажува и најновиот напад каде најмалку осум лица загинаа  а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата