Трамп: Американската војска повторно нападна брод што шверцува дрога од Венецуела

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Американската војска повторно нападна брод што шверцува дрога од Венецуела

„Нападот се случил додека овие потврдени наркотерористи од Венецуела биле во меѓународни води транспортирајќи нелегални дроги (смртоносно оружје што ги труе Американците!) кон САД“, напиша Трамп на својот Твитер профил, додавајќи: „Овие екстремно насилни картели за трговија со дрога се закана за националната безбедност на САД, надворешната политика и виталните интереси на САД“.

Трамп вели дека нападот е извршен вчера. Сличен беше извршен пред две недели, при што загинаа 11 лица.

САД го оправдаа претходниот напад како неопходна ескалација со цел да се запре протокот на дрога во САД.

Сепак, неколку американски сенатори, и демократи и некои републиканци, изразија незадоволство од образложението на администрацијата и ја доведоа во прашање легалноста на акцијата.

Тие го гледаат тоа како пречекорување на извршната власт, делумно поради употребата на војската за цели на спроведување на законот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата