Трагедија во Италија: Девојче било згмечено од карпа, додека се обидувала да направи селфи (ФОТО)

16.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Италија: Девојче било згмечено од карпа, додека се обидувала да направи селфи (ФОТО)

Несреќата се случила кога се срушил дел од карпа на кој трите тинејџерки се искачиле за да направат селфи.

Девојките го поминувале денот на популарната плажа Чезана во Лентина, на брегот на реката Пјаве. Според очевидци, трите се осмелиле да се искачат на карпа над плажата кога дел од теренот одеднаш почнал да се срушува. Гаја, според достапните информации, паднала и врз неа паднала голема карпа, убивајќи ја веднаш.

Една од нејзините пријателки се здобила со сериозни повреди, вклучувајќи повеќекратни фрактури и ампутација на два прста на раката, но нејзиниот живот е надвор од опасност. Третото девојче поминало без повреди.

Пожарникарите од Фелтре веднаш пристигнале на местото на настанот и, со помош на специјална опрема, успеале да ја извлечат Гаја од под карпата. За жал, и покрај напорите на службата за брза помош да ја реанимираат, лекарите морале да ја прогласат за мртва на местото на настанот.

Веста за трагедијата длабоко ја потресе локалната заедница. Мајката на починатото девојче доживеа силен емотивен шок кога дозна за смртта на нејзината ќерка, по што беше однесена во болница.

Гаја живеела во градот Борго Валбелуна и била страствен љубител на ритмичка гимнастика. Нејзиното семејство веќе доживеало голема трагедија. Пред осум години, девојчето го загубило својот татко, кој починал од тумор на 32-годишна возраст.

„Неизмерна тага. Нема многу зборови за да се опише оваа загуба. Целата заедница е во шок“, рече Симоне Деола, заменик-градоначалник на Борго Валбелуна.

Градоначалникот Карло Занела додаде: „Во моменти на вакви трагедии, зборовите едноставно изостануваат“.

Истрагата за инцидентот ја спроведуваат членови на единицата Карабинери од Белуно, кои веќе собрале сведоштва од очевидци. Сè укажува дека станувало збор за несреќа.

Гаја ќе биде запаметена како весела, светла и талентирана девојка која прерано го напушти светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата