Татко крвнички го шутира својот 5- годишен син пред шокираните луѓе во маркет, на суд се бранел со чуден изговор (ВИДЕО)

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко крвнички го шутира својот 5- годишен син пред шокираните луѓе во маркет, на суд се бранел со чуден изговор (ВИДЕО)

Крајно вознемирувачкото видео го прикажува мажот како брутално го шутира малото дете неколку пати додека лежи на земја. Потоа детето станува, а мажот го удира толку силно по главата што детето паѓа назад на подот, објави Хабер.

Набрзо беше откриено дека видеото е снимено во маркет во Турција, а полицијата брзо го уапси Ц. Е., таткото на момчето кое беше брутално претепано. Детето има само пет години!

Ужасниот напад се случи вчера попладне во голем супермаркет во Ескишехир, град во централна Турција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е многу вознемирувачко

На видеото се гледа и жена како стои неподвижна и гледа како Ц. Е. брутално го тепа својот син, а потоа полека се приближува и му ја подава раката на мажот, како да го смири и се наведнува да го земе детето, но сè некако мирно и без брзање. Не е јасно дали жената е мајката на момчето.

Веднаш по апсењето, таткото бил однесен на сослушување, а она што му го кажал на истражниот судија ги шокирало сите: „Тој е многу живо дете. Исто така, беше многу немирен во продавницата. Го удрив во напад на бес, жал ми е за тоа.“

Центарот за социјална работа, исто така, се приклучил на истрагата.

Граѓаните биле шокирани што по грозоморниот напад, Ц. Е. продолжил да пазарува со детето како ништо да не се случило, а потоа го извел момчето од продавницата. Многумина изразиле загриженост зошто вработените во супермаркетот му дозволиле на напаѓачот да го однесе детето, наместо веднаш да повикаат полиција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата