- Јадрото на формацијата ќе го сочинуваат јуришните трупи на Француската легија на странци, пред сè од латиноамериканските земји, прецизираше во извештајот руската разузнавачка агенција, пренесува РИА Новости.
Според овие тврдења, трупите се веќе распоредени во подрачјата на Полска кои граничат со Украина, каде што поминуваат интензивна борбена обука. Контингентот ќе вклучува и обични војници и офицери.
Руската разузнавачка служба додаде дека Франција брзо создава дополнителни болнички кревети за сместување на ранетите, а лекарите поминуваат специјализирана медицинска обука за работа на терен, тврдат руските медиуми.
СВР соопшти и дека францускиот претседател Емануел Макрон, во обид, како што се наведува, да ја изведе Франција од нејзината социоекономска криза, „сонува за интервенција и не се откажал од надежта дека ќе влезе во историјата како војсководец“ но дека „слабо ја проучил историјата“.
Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека секое сценарио кое вклучува распоредување трупи на земјите членки на НАТО во Украина е категорички неприфатливо за Русија и ризикува остра ескалација.

