Светските лидери го осудија нападот во Вашингтон

26.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светските лидери го осудија нападот во Вашингтон

Претседателката на европската комисија Урсула Фон Дер Лајен во објава на платформата „Икс“ порача дека насилството нема место во политиката и оти е олеснување тоа што трамп и неговата сопруга меланија, како и сите присутни на вечерата се безбедни.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „шокиран од сцените и дека секој напад врз демократските институции мора најостро да се осуди.

За шпанскиот премиер Санчез, „насилството никогаш не е одговор“,  а оти човештвото ќе напредува само преку демократија, коегзистенција и мир. Францускот претседател го нарече инцидентот неприфатлив и изврази целосна поддршка за Трамп. Реакции со осуда упатија и лидерите на Индија, Канада, Мексико, Израел и десетици други.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата