Според податоците на ВМО, Ел Нињо е периодично загревање на температурата на површината на морето во централниот и источниот Тихи Океан, кое обично трае помеѓу девет и дванаесет месеци.
Јасна промена е забележана во екваторијалниот Пацифик со нагло зголемување на температурата на површината на морето, што укажува на голема веројатност за Ел Нињо помеѓу мај и јули оваа година.
- По периодот на неутрални услови на почетокот на годината, климатските модели сега се силно усогласени и се гледа почетокот на Ел Нињо по што следува натамошно зајакнување во текот на наредните месеци - изјави Вилфран Муфума Окија, шеф за климатски прогнози во ВМО.
Иако моделите укажуваат на потенцијално силен Ел Нињо оваа година, ВМО додава дека прогнозите направени во текот на пролетта обично се помалку сигурни и дека поголема сигурност во предвидувањата ќе биде можна по април.
Овој образец е познат по тоа што ги нарушува регионалните клими, потенцијално носејќи засилени врнежи во јужниот дел на Јужна Америка, јужните делови на САД, делови од Рогот на Африка и централна Азија, што истовремено може да предизвика суши во Австралија, Индонезија и одредени делови на јужна Азија, според наводите на ВМО.
An El Niño event is expected from mid-2026, impacting global temperature & rainfall patterns, according to WMO's global seasonal climate update. Models indicate that this may be a strong one!
— World Meteorological Organization (@WMO) April 24, 2026
More details 👉 https://t.co/zQDJ6uWGJE pic.twitter.com/bqdt9uIaRr

