Мета беа иранските нуклеарни и воени постројки, а погоден бил и нуклеарниот комлекс Натанз кој е клучна постројка за збогатување ураниум.
Неколку минути по нападот, во 3.30 часот по локалнио време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека почнала, операцијата насловена „Исправен Лав“ чија цел е да се неутрализира егзистенционалната закана за Израел, односно иранската нуклеарна програма. Порача дека ова е само почеток.
Освен стратешки позиции ликвидирани се дузина истакна ирански воени лица и научници.
Меѓу убиените се началникот на Генералштабот на вооружените сили, Мохамед Багери, командирот на Централниот штаб Хатам ел – Анбија и командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Хосеин Салами и најмалку шестмина нуклеарни научници.
Техеран експресно одговори повеќе од 100 дронови но без да причини значителна штета на израелска територија. Врховниот лидер ајаталохот Али Хамнеи најави жесток одговор.
Ционистичкиот режим си подготви горчлива судбина која дефинитивно ќе ја доживее, се вели во неговото соопштение.
Дел од Иранците сметаат дека Израел треба да се соочи со одговор.
-Тие сакаат да ја одземат нашата нуклеарна способност, тоа е неприфатливо. Премногу граѓани работеа напорно за тоа. Ние го постигнавме тоа самите, и сега тие сакаат да ни го одземат“.
-Колку долго време треба да живееме во страв? Тие убија многу универзитетски професори, и одат да преговараат. За што ќе преговараат? Што остана?
По првичната воздржаност, и пораките дека Вашингтон знаел но не бил дел од операцијата, американскиот претседател Трамп, попладнево експлицитно го предупреди Иран дека ќе се соочи со уште побрутални израелски напади ако не постигне договор за својата нуклеарна програма, чија нова рунда разговори со Вашингтон продолжуваат утре во Оман.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти дека не регистрирала зголемено ниво на радијација по ударите врз нуклеарните постројки и апелираа дека ваквите комплекси не смеат да бидат мета на напади.
-Ги повикувам сите страни да покажат максимална воздржаност со цел да се избегне понатамошна ескалација. Повторувам дека секоја воена акција која ја загрозува безбедноста на нуклеарните постројки ризикува сериозни последици за луѓето од Иран, регионот и пошироко,- изјава, Рафаел Марино Гроси – ген. директор на МААЕ.
Светските медиуми јавуваат дека во неколку изралски градови, граѓаните масовно купуваат залихи на храна и вода, во исчекување на напади од Иран.