Советот на чувари на Иран го одобри законот за прекин на соработката со МААЕ

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советот на чувари на Иран го одобри законот за прекин на соработката со МААЕ

Советот на чувари во Иран го ратификуваше законот со кој се суспендира соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави денеска Иранскиот клуб на млади новинари, осврнувајќи се на оваа тело составено од свештеници и адвокати кое ја проверува усогласеноста на законот со Уставот и исламскиот закон.

Законот, претходно усвоен од иранскиот Парламент, потенцијално би можел дополнително да ги влоши односите на Иран со Западот и да влијае на меѓународниот надзор врз неговата нуклеарна програма, јавија британските медиуми.

МААЕ сè уште не издаде официјална реакција на одлуката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата