Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово издаде „жолто“ метео аларм за можност од нови снежни врнежи, пред се во западните и во централните делови на Белгија, кои „локално и привремено“ би можеле да доведат до создавање снежна покривка од еден до пет сантиметри.
За денеска во Белгија се предвидени максимални температури од -1 до 5 степени Целзиусови. Комуналните служби во Брисел од рано изутринава се ангажирани за расчистување на улиците, при што според јавното претпријатие „Брисел Мобилити“ за околу 3,5 часа биле фрлени 85 тони сол. Паралелно, се работи и на чистење и на велосипедските патеки, со цел да се охрабрат граѓаните да продолжат да возат велосипеди и во текот на зима.
Сепак, веќе за од попладне се предвидува да настапи разведрување, прво од северните делови на Белгија, кое потоа ќе се шири и низ другите региони од земјата.

