Скот Купор: Немам лични врски со Маск, посветен сум на агендата на Трамп

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скот Купор: Немам лични врски со Маск, посветен сум на агендата на Трамп

Купор потврди дека само еднаш во животот телефонски разговарал со Маск, со што сакаше да ги разјасни шпекулациите за неговите врски со поранешниот советник на претседателот.

- Немам никакви лични врски со Илон Маск. Мојата работа е да ја спроведам агендата на претседателот Трамп, а не да следам цели кои не се совпаѓаат со неговите, рече Купор, кој на чело на ОПМ дојде на почетокот на јули.

Тој дополнително нагласи дека нема да спроведува иницијативи кои не се во согласност со политиката на администрацијата на Трамп, иако претходно беше партнер во фирмата „Андересен Хоровиц“ (Andreessen Horowitz), која инвестира во технолошките проекти на Маск.

Купор исто така ја коментираше иницијативата на Маск за воведување неделни имејли, со која од вработените во владата беше побарано да ги сумираат петте најважни достигнувања од претходната недела.

Иако таа иницијатива предизвика несогласувања и забуна меѓу владините службеници, Купор нагласи дека таа е „неефикасна“ и оти ќе биде разгледана за да се процени нејзината вредност.

- Ова е нешто што треба да го погледнеме и да процениме дали носи корист, како што тврдеа луѓето кои ја воведоа, рече Купор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата