Скандал во Пентагон: Се појави писмо во кое се бара смена на министерот за одбрана Пит Хегсет

23.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал во Пентагон: Се појави писмо во кое се бара смена на министерот за одбрана Пит Хегсет

Властите на Пентагон го обвинија Хегсет за некомпетентност, политизирани одлуки, несогласувања во војската и пад на работната етика, објави Дејли Меил.

Според извори, опсесијата на Хегсет со изгледот, неговото студио за шминкање во Пентагон и неговото инсистирање на физичката кондиција и воените прописи, како што се контроверзните наредби за бричење, ги налутија многу функционери.

Критичарите тврдат дека Хегсет ги игнорирал стручните совети и донесувал одлуки без да ги земе предвид мислењата на советниците за разузнавање и безбедност.

Неговиот фокус на „воинствен етос“ и намалувањето на различноста во војската, исто така, создале тензии и довело до голем број расистички инциденти.

Бидејќи извештаите за неговите грешки и лошо управување стануваат „сè погласни“, некои во Пентагон бараат негово отстранување.

Иако Хегсет ја ужива поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на министерството расте незадоволството од неговото водство, а критичарите велат дека тој е повеќе загрижен за медиумските настапи отколку за вистинските воени прашања.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата