Шефот на „Росњефт“: Санкциите против Русија и Кина ќе предизвикаат економска криза на Запад

25.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефот на „Росњефт“: Санкциите против Русија и Кина ќе предизвикаат економска криза на Запад

Во обраќањето на Руско-кинескиот енергетски бизнис форум (РКЕБФ) во Пекинг, Сечин, кој е еден од највлијателните луѓе во енергетскиот сектор на Русија, исто така, изјави дека потрошувачите на Запад веќе плаќаат висока цена за енергијата.

- Продолжувањето на агресивната политика на Западот во однос на санкциите против Русија и Кина без сомнеж ќе доведе до нова економска криза во западните земји, изјави Сечин. - Не сите западни политичари ги разбираат ризиците со кои се соочуваат, оцени тој.

Комбинацијата на руските ресурси и кинеската технолошка платформа го обезбедува развојот на економиите на двете земји, додаде шефот на „Росњефт“, пренесе ТАСС.

- Лишени од пристап до конкурентната ресурсна база на Русија и компонентата база на Кина, нашите западни противници можат да го изгубат својот технолошки и економски суверенитет, што ќе создаде предуслови за реализација на ризиците од цивилизациски прераспределби, изјави Сечин.

Тој, исто така, истакна дека Кина се обидува да постигне независност од геополитичката нестабилност преку диверзификација на својот енергетски микс. Посочувајќи дека енергетското партнерство е еден од приоритетите за Русија и Кина, Сечин го цитираше кинескиот претседател Си Џинпинг, кој рекол: „Кина мора да ја држи енергетската чинија со ориз во свои раце“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата