Како што е наведе организацијата, судењето на Мариус Борг Хоиби, 28-годишниот син на принцезата Мете-Марит, кое треба да почне во февруари, охрабри многу жени да пријават сексуално насилство, пренесе „Гардијан“. Тој е обвинет за силување, злоставување на поранешна партнерка и снимање жени без нивно знаење или согласност.
Адвокатот на Хоиби, Петар Секулиќ, изјави дека неговиот клиент ги отфрла сите обвинувања, како и дека пред судот детално ќе ја изнесе својата верзија на настаните. Хоиби, чиј очув е норвешкиот престолонаследник Хакон, би можел да биде осуден на 10 години затвор доколку се утврди дека е виновен.
Официјалната претставничка на националната организација која се грижи за здравјето на жените, Меј Брит Бухауг, изјави дека е регистриран рекорден пораст на бројот на жени кои одлучиле да пријават сексуално и насилство од партмерот, откако биле охрабрени од овој случај.
Според статистичките податоци на норвешкиот Центар за насилство и трауми, секоја десетта жена во земјата претрпела тешко насилство од својот партнер, пренесе „Гардијан“.

