Се помалку надеж за мир во Украина

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се помалку надеж за мир во Украина

Жена загина, а триесетина луѓе се повредени во главниот град, каде поголем дел од Украинците ноќта ја минаа во подрумите и метроата. Москва соопшти дека ги употребила и суперсоничните ракети „Кинжал“.

-Каде да бегам? Дома имам пациент кој е врзан за кревет. Само легнав во ходникот. Звуците беа страшни, ужасно беше, експлозиите доаѓаа една по друга., изјави жителка на Киев.

-Нападите беа долги, со различни оружја. Имаше дронови и ракети од различен вид.  Изјави жителка на Киев.

Нападите се случија речиси веднаш по синоќешниот шести телефонски разговор меѓу Трамп и Путин, кој заврши без никаков напредок, а по кој американскиот претседател изрази разочарување. Руските медиуми го овековечија и моментот кога Путин нанадејно го прекинува говорот и го напушта форумот во Москва непосредно пред разговорот со Трамп.

-Би можеле да разговараме уште, но би било непријатно (Трамп) да чека, може да се навреди. Ви благодарам. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

-Да, многу сум разочаран од разговорот што го имав со претседателот Путин зашто не мислам дека е подготвен. Многу сум разочаран. Не мислам дека сака да престане (со војната), а тоа е лошо., изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди како што рече најциничните руски напади и дека тие претставуваат јавно понижување на Трамп и доказ дека Русија не сака да ја заврши војната.  Москва вели далеку сме од мировно решение.

-Политичко и дипломатско решение е невозможно без да се отстранат основите причини за конфликтот, како што посочи претседател Путин на вчерашниот разговор со претседателот Трамп, изјави Сергеј Лавров, министер за  надворешни работи на Русија.

Последните руски напади се совпаднаа со одлуката на Вашингттон да  суспендира дел од испораката на оружје за Украина, вклучително и за против воздушна одбрана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата