Се огласи Макрон поради одземањето на замрзнатиот руски имот: Почеток на целосен хаос

22.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Макрон поради одземањето на замрзнатиот руски имот: Почеток на целосен хаос

Тој го изјави ова за време на интервју за CBS News, нагласувајќи дека европските земји мора да дејствуваат во согласност со законските норми при ракување со државните средства.

„Во врска со замрзнатите средства - сите сме посветени на почитување на меѓународните правила. Невозможно е да се конфискуваат средствата на Централната банка на Русија, дури и во оваа ситуација. Тоа е прашање на доверба и важно е нашите земји да останат гаранти на меѓународното право“, рече Макрон.

„Ако зборуваме за Блискиот Исток, ако зборуваме за ситуацијата во Украина - кога некои земји почнуваат да не го почитуваат меѓународното право и кога покажуваме дека не сме доволно силни, ова е почеток на целосен хаос“, убеден е францускиот претседател.

Комисијата на ЕУ истражува поризични стратегии за реинвестирање

Замрзнатите средства, кои главно ги чува Euroclear, централен депозитар за хартии од вредност со седиште во Белгија, акумулирале значителен профит. Тие профити веќе се користат за отплата на заем од 50 милијарди долари што Г7 го подигна за обнова на Украина за време на војната со Русија. Иако Европската комисија се спротивстави на директното запленување на средства, сега истражува поризични стратегии за реинвестирање за да се зголеми приносот од замрзнатиот имот. Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, потврди дека се во тек напори за насочување на тие приходи кон одбранбената индустрија и реконструкцијата на Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата