Се огласи Али Хамнеи: Ѝ удривме шлаканица на Америка

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Али Хамнеи: Ѝ удривме шлаканица на Америка

Хамнеи напиша на X дека мора да му честита на својот Иран, тврдејќи дека „Соединетите Американски Држави влегоа во војната затоа што веруваа дека ако не го сторат тоа, Израел ќе биде целосно уништен“.

„Чувствувам потреба да испратам неколку честитки до големата нација Иран. Прво, честитки за победата над лажниот ционистички режим. И покрај целата негова пропаганда и сите негови тврдења, ционистичкиот режим речиси се распадна и беше уништен под ударите на Исламската Република“, рече Хамнеи во својот прв пост.

Потоа следеше втора честитка, „честитајќи ѝ на саканата земја Иран за победата над американскиот режим“.

„Американскиот режим влезе во директната војна затоа што веруваше дека ако не го стори тоа, ционистичкиот режим ќе биде целосно уништен. Но, не доби ништо од таа војна. И тука, Исламската Република победи и за возврат ѝ зададе силна шлаканица на Америка“, рече Хамнеи.

Да потсетиме дека Хамнеи не даваше никакви јавни изјави со денови, па иранските власти и јавноста беа загрижени за отсуството на врховниот лидер, иако конфликтот со Израел во меѓувреме беше запрен со прекин на огнот.

Се шпекулираше дека Хамнеи бил префрлен на непозната локација кога избувнале конфликтите меѓу Иран и Израел на 13 јуни, и дека дури и кога било прогласен прекинот на огнот, тој останал на скриена локација, плашејќи се дека израелските безбедносни служби би можеле да се обидат да го елиминираат дури и за време на прекинот на огнот.

Кога беше прашан за отсуството на Хамнеи, неговиот близок соработник и раководител на архивата на Врховниот лидер, Мехди Фазели, рече дека „луѓето одговорни за безбедноста на Врховниот лидер си ја вршат работата добро“, додавајќи дека „со Божја волја, народот наскоро ќе ја прослави победата заедно со својот лидер“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата