Самитот во Амазонија клучен за глобалното справување со климатските промени

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Самитот во Амазонија клучен за глобалното справување со климатските промени

Состанокот се смета за историски бидејќи 2025 година е оценета како критичен момент за глобалната климатска политика – со условот наметнат од Парискиот договор земјите да ги поднесат своите нови, поамбициозни национални планови за климатска акција (NDCs).

Организаторите на Конференцијата во Белем очекуваат COP30 да донесе „ново ниво на амбиција“ во процесите и конретните активности за намалување на емисиите што предизивкуваат ефект на стаклена градина, зголемување на прилагодливоста, но и можеби најважното - зголемување на финансиската поддршка за земјите кои најмногу се соочуваат со климатските ризици и државите во развој кои немаат доволно средства ниту можности за финансирање на активностите за справување со климатските промени.

Очекувањата од собирот во Белем се доста високи - COP30 треба да покаже дали меѓународната заедница е подготвена вистински да го засили темпото и да го задржи глобалното затоплување под 1,5 степен Целзиусов, цел што секојдневно станува се потешка за постигнување.

На Самитот ќе доминираат три теми: климатска правда, заштита на природните екосистеми и финансирање на климатските мерки. Земјите ќе преговараат како да се забрза глобалниот напредок во борбата против климатските промени, во време кога светот веќе ги почувствува последиците преку чести екстремни временски настани.

Воочи собирот во Бразил денеска се одржа кус медиумски брифинг на кој беше презентирана позицијата на ЕУ на COP30 и како Европа може да придонесе за праведен и научно заснован исход на COP30 што ќе го забрза глобалното климатско дејствување.

Како што беше посочено на брифингот, постои расположение кај државите-членки на ЕУ за надминување на разликите односно „емисискиот јаз“ по однос прашањето. Она што отсуствува е што разликата од ветеното, најавеното од стореното. Како што посочи Киара Мартинели, директорка на CAN Europe, климатските промени придонесуваат за забрзување на активностите за справување со нив.

- Според Евробарометарот, над 83 проценти од населението на ЕУ бараат од политичарите да спроведат политики за намалување на причините за климатските промени, рече таа.

Експертите посочија дека пари има, но оти средствата треба да се пренасочат од оние што придонесуваат за загадување и чии активности иницираат климатски промени кон оние кои навистина ќе ги потрошат за намалување на причините за промените во климата.

Амбициозните политики за справување со климатските промени постојат и се остварливи,  она што е потребно е државите повеќе да се вложат во таа насока, секоја согласно своите можности и сила, секој субјект во својата област на дејствување за достигнување на целите предвидени од глобалните договори и транзициски механизми.

За Европската унија беше истакнато дека мора да биде предводник во тој процес, независно потешкотиите во потрагата по одговори што треба да се направи со справувањето со предизвиците наметнати од причините што доведуваат до климатските промени.

Што се однесува на државите од Западниот Балкан, Рејчел Сајмон посочи на потребата од обезбедување финансиска помош за земјите во развој и конкретни соодветни гаранции за исполнување на климатските целите.

Се очекува во текот на денот да биде објавена мапата односно насоките како секоја од државите ќе ги намали договорените емисиите по години, со тоа што ќе бидат посочени мерките што треба да ги спроведе, средствата што е потребни за прилагодување на финансиските планови и кои институции ќе работат на прашањето.

- Она што е важно е ЕУ да предводи во креирањето мостови и да ги презентира позитивните практики како богатите земји да предводат во креирањето на реформската климатска архитектура, рече Сајмон.

Фросина Антоновска, координаторка за климатска и енергетска политика и мрежи за Западен Балкан, истакна дека државите од регионот се од редовите на оние што ќе примаат финансиска помош, техннологија за поддршка во справувањето со климатските предизвици.

-Државите од Западниот Балкан напорно работат да ги следат европските практикики и енергетски препораки и тоа по различни механизми, меѓу кои и преку претпристапните преговори...Државите од Западен балкан се дел од „Green Agenda for the Western Balkans “ регионална иницијатива која има за цел да ја насочи транзицијата кон зелена, одржлива и климатски отпорна економија во земјите, еквивалент на европската агенда. Важно е државите од регионот да презентираат цели и амбиции за остварување јаглеродна неутралност до 2050 година и да презентираат конкретни временски рамки по етапи како ќе го остварат тоа, рече Антоновска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата