САД со резолуција пред ОН предлагаат укинување на санкциите против сирискиот претседател

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД со резолуција пред ОН предлагаат укинување на санкциите против сирискиот претседател

Иницијативата доаѓа во пресрет на планираната посета на Ал Шара на Белата куќа, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Аналитичарите оценуваат дека овој состанок би можел да означи почеток на целосна нормализација на односите меѓу Вашингтон и Дамаск, по повеќе од една деценија политичка изолација на Сирија.

Предлог-резолуцијата сè уште не е закажана за гласање, а за нејзино усвојување потребни се најмалку девет гласа „за“, без вето од постојаните членки – Русија, Кина, САД, Франција и Обединетото Кралство.

Според извори блиски до американската администрација, се очекува сирискиот претседател да отпатува во САД дури и ако резолуцијата не биде усвоена до 10 ноември.

За време на посетата, Ал Шара би требало да потпише документи за пристапување на Сирија кон меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против терористичката организација Исламска држава.

Трамп претходно изјави дека укинувањето на санкциите е дел од поширок процес на „стабилност и безбедност на Блискиот Исток“, нагласувајќи дека „е време за нов почеток во односите со Дамаск“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата