САД не се откажуваат од Гренланд- Венс најави преговори за неколку месеци

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД не се откажуваат од Гренланд- Венс најави преговори за неколку месеци

Во разговор со новинарите во Ерменија, тој рече дека САД треба „да добијат некаква корист“ од инвестирањето во безбедноста на Арктикот.

Венс повторно ја критикуваше Данска, чија автономна територија е Гренланд, дека „не инвестира доволно во безбедноста на Арктикот“, објавува Гардијан.

„Гренланд е многу важен за националната безбедност на Соединетите Американски Држави. Мислам дека некои од нашите сојузници не инвестирале доволно во безбедноста на Арктикот“, рече американскиот потпретседател.

Тој додаде дека ако САД треба да се вклучат и да дадат пари за инвестирање во регионот, тие исто така треба „да добијат некаква корист од тоа“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата