Како што најави, на социјалните мрежи, целта на операцијата наречена „Проект Слобода“ е да ги извлече пловилата на неутралните земји кои не се дел од американско – израелската војна во Иран. Но, тензиите ескалираа уште на почетокот на акцијата. Иран тврди дека со двe ракети погодил американски брод и одвратил два разурнувачи да минат низ Ормус, што САД го негираат. Техеран претходно се закани дека воено ќе одговори, а објави и мапа на делот што е под нивна контролира.
-Она што е сигурно е дека ние нема да се повлечеме од Ормутскиот теснец и теснецот нема да се врати во состојбата од пред војната. Трамп и претходно најавуваше дека ќе го отвори, но не успеа. Најави и блокада, а сега најавува и други работи, кои исто така ќе пропаднат. , изјави Али Никзад, заменик-претседател на иранскиот парламент
Проценките се дека во регионот на Ормускиот теснец се заглавени 20 илјади морнари на две илјади бродови и танкери, кои војната ги затекна во заливот. Еден од капетаните на овие бродови, вели дека под сегашните услови не ни помислува да го стартува својот танкер низ како што вели, морето полно со мини и постојана закана од ирански напади, во кои од почетокот на војната загинаа најмалку 10 морнари..
-Мислам дека ниту еден брод нема да се обиде да стане херој и да се охрабри и да мине низ Ормутскиот теснец се додека не биде објавено дека е безбеден за транзит. Како што слушавме во изминатите два месеца, има многу морски мини поставени од Иранците. , изјави Раман Капур, капетан на брод заглавен во Ормускиот теснец
Централната американска команда соопшти дека мисијата за ослободување на бродовите вклучува 15 илјади војници, над 100 авиони и разурнувачи со наведувани ракети. Дел од европските лидери ја поздравуваат најавата на Вашингтон, но сметаат дека деблокирањето на клучната нафтена рута, која ја предизвика најголемата енергетска криза во последните 50 години, мора да биде во координација меѓу завојуваните страни.
Тоа е она што го бараме од почетокот, но нема да учествуваме во никакви операции со употреба на сила. Она што најмногу го сакаме е заедничко повторно отворање од Иран и од САД. Тоа е единствениот начин што ќе овозможи повторно отворање на Ормутскиот теснец, да овозможиме слободна пловидба без ограничувања и без патарини. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција
Пентагон соопшти дека војната во Иран досега ги чинела САД 25 милијарди долари. И Вашингтон и Техеран деновиве разгледуваат предлог од 14 точки, кои го достави Иран за постигнување крај на војната.

