Руските сили за воздушна одбрана собориле 106 украински дронови

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руските сили за воздушна одбрана собориле 106 украински дронови

Во соопштението на воениот оддел се вели дека 44 дронови биле соборени над регионот Белгород, 22 над регионот Рјазан, по 11 над регионите Ростов и Воронеж, седум над регионот Курск, по четири над регионите Тула и Волгоград и по еден дрон над регионите Орјол и Липецк. Еден дрон бил пресретнат и над полуостровот Крим.

Две лица се повредени во украинскиот напад во регионот Рјазан, напиша регионалниот гувернер Павел Малков на Телеграм. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата