Рубио: Моџтаба Хамнеи е можеби жив

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио: Моџтаба Хамнеи е можеби жив

Американскиот државен секретар Марко Рубио Во интервју за „Фокс њуз“, ја изненади јавноста со изјава дека во Вашингтон постојат сигнали оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е сè уште жив, но нагласи дека многу поважното прашање е колкава реална моќ има тој во политичкиот систем на Иран.

Според американскиот државен секретар Рубио администрација внимателно ја следи состојбата околу внатрешните процеси во Техеран, каде, како што рече, веќе подолго време се водат дебати за тоа кој навистина ја носи клучната политичка тежина во државата.

Според него, не е јасно дали Хамнеи располага со целосен авторитет за донесување одлуки или неговата улога е повеќе формална отколку суштинска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата