Рубио: И Украина и Русија бараат работи што не можат да ги добијат

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио: И Украина и Русија бараат работи што не можат да ги добијат

Рубио, кој учествуваше на самитот заедно со Трамп, рече дека и Русија и Украина ќе мора да направат отстапки ако сакаат да постигнат мировен договор.

-Двете страни сакаат работи што нема да можат да ги добијат, рече Рубио, додавајќи дека „можеби дури и да не биде можно САД да создадат сценарио што би ја завршило војната во Украина“.

Меѓутоа, тој нагласи дека мора да се разговара за безбедносните гаранции за Украина, што го смета за клучен елемент на секој можен договор.

Тој додаде и дека американската администрација забележала доволен напредок за да го оправда продолжувањето на разговорите со Зеленски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата