Рјабков: За средба Путин – Трамп потребна е внимателна подготовка

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рјабков: За средба Путин – Трамп потребна е внимателна подготовка

- Самит од каков било вид бара темелна подготовка и внимателно разгледување на сите аспекти. До денеска, ниту првиот ниту вториот услов за организирање на овој состанок не се исполнети, посочи Рјабков.

Тој додаде дека агенциите за надворешна политика се активно вклучени во сè што е поврзано со средбата.

- Во оваа фаза, наш приоритет е да се осигураме дека рамката што претседателите ја формулираа, кога се сретнаа во Анкориџ, кон средината на август, е целосно конкретизирана, нагласи Рјабков.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата