Рекорден буџетски дефицит во САД за декември

14.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекорден буџетски дефицит во САД за декември

Ова претставува зголемување од 67 отсто, односно 58 милијарди долари повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Според извештајот, овој негативен тренд се должи на невообичаено високите трошоци предизвикани од промените во исплатата на социјалната помош и термините за плаќање даноци.

И покрај декемврискиот рекорд, вкупниот буџетски дефицит за првиот квартал од фискалната 2026 година (кој почна на 1 октомври 2025 година) бележи пад од 15 отсто на годишно ниво. Во првите четири месеци од фискалната година дефицитот се намалил за 109 милијарди долари и изнесува вкупно 602 милијарди долари. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата