Стуб во објава на платформата „Икс“ (X) не изнесе детали од разговорот со Зеленски, но ги коментираше преговорите што се одржаа вчера во Швајцарија.
„Во преговорите што ги водеа Украина и Соединетите Држави вчера во Женева, преземени се чекори кон праведен и траен мир. Сè уште постојат нерешени прашања. Јасно е дека Европа и НАТО ќе одлучуваат за прашањата што се однесуваат на нив“, potencira[e Стуб.
Делегациите на Украина, САД и европските земји вчера во Женева разговараа за американскиот план од 28 точки за завршување на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство поради делови од предложениот план кои предвидуваат големи отстапки кон Русија. Подоцна, според заедничката изјава на Киев и Вашингтон, САД и Украина изготвија „ажурирана и подобрена“ мировна рамка за ставање крај на војната во Украина.
Двете страни се согласија да продолжат со интензивна работа на заедничкиот предлог во наредните денови и да останат во блиска координација со европските партнери, се наведува во заедничката изјава.

