Расте бројот на жртвите во трагедијата во Мароко- спасувачите грозничаво прекопуваат низ урнатините (ВИДЕО)

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расте бројот на жртвите во трагедијата во Мароко- спасувачите грозничаво прекопуваат низ урнатините (ВИДЕО)

Станбените згради се урнаа ноќта помеѓу 9 и 10 декември во населбата Ал Мостакбал ал Масира во округот Зуага, густо населена област со стара станбена инфраструктура, а според очевидци, голем број жители биле заробени под урнатините, објави официјалната мароканска новинска агенција МАП.

Локалните власти ги повикаа жителите да се држат подалеку од нестабилни згради и да пријавуваат ризици и видливи структурни оштетувања.

Уривањето на зградите во текот на ноќта ги обнови загриженостите за безбедноста во постарите работнички населби во Фес, каде што жителите постојано предупредуваат на дотраени градежни конструкции и постојани одложувања во реконструкцијата на објектите.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како спасувачите копаат и расчистуваат урнатини во потрага по преживеани.

Службениците потврдија дека на семејствата раселени од уривањето на зградите ќе им биде обезбеден итен сместување и помош.

Уривањето на стари дотраени згради не е невообичаено во Мароко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата