Путин и Арагчи седнаа на иста маса во Санкт Петерсбург: Цената на нафтата расте поради застојот во мировните преговори

27.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин и Арагчи седнаа на иста маса во Санкт Петерсбург: Цената на нафтата расте поради застојот во мировните преговори

Уште на самиот почеток, шефот на иранската дипломатија оцени дека степенот на ескалација со Соединетите Држава се зголемува од ден на ден, а иранската блокада на Ормускиот теснец ја оцени како легитимна одбрана на суверенитетот на неговата земја. На иста линија и Путин кој порача дека Русија прави се во нејзина можност за да му помогне на иранскиот народ. Откри дека за ставање крај на војната телефонски разговарал американскиот претседател Трамп, но и со израелскиот премиер Нетанјаху. Пред почетокот на средбата пак, Арагкчи упати порака дека преговорите во Исламабад пропаднале поради како што кажа, „претераните барања од САД“.

-Степенот на ескалација од ден на ден се зголемува за жал и поради фактот што тие (Израел и САД) одлучија да напаѓаат објекти од цивилната инфраструктура. Овие агресивни дејствија од страна на Израел и САД се прават на нелегитимен начин и ги кршат меѓународните правила и норми. Ние го браниме нашиот суверенитет и земја. Нашата одбрана има легитимен карактер.- Абас Аракчи – Министер за надворешни работи на Иран

-Апсолутно неиспоровцирана е агресијата против Иран и истата нема никакви оправдувања за неа. Ние од своја страна правиме напори да обезбедиме помош на иранскиот народ. Оваа средба ќе ни даде можност да разговараме за сите теми и да разгледаме како да излеземе од оваа ситуација. - Владимир Путин – Претседател на Русија

Средбата Арагчи-Путин доаѓа откако американскиот претседател Трамп ја откажа планираната посета на неговите пратеници Витков и Кушнер кои во Исламабад требаше да се сретнат со иранските претставници. Трамп потоа ја бранеше неговата одлука, изјавувајќи дека иранските власти можат да се јават доколку сакаат да продолжат со разговорите, повторувајќи дека конфликтот би можел брзо да заврши.

-Ќе преговараме преку телефон и тие (Иран) можат да ни се јават било кога. Ние ги имаме сите карти, тие практично немаат повеќе војска, немаат останато лидери, не знаеме кои им се лидерите. Никој не знае кои им се лидерите, не знам ни тие дали знаат кои им се лидери.- Доналд Трамп – Претседател на САД

Американскиот портал „Аксиос“ во меѓувреме, повикувајќи се на извори вклучени во преговорите пренесува дека Техеран испратил нов предлог до Вашингтон за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната. Според предлогот, примирјето меѓу двете страни би продолжило за подолг период, а преговорите за нуклеарното оружје би почнале во подоцнежна фаза. Неизвесноста околу примирјето пак, повторно влијае врз цените на нафтата на светските берзи кои за прв пат од почетокот на месецот се искачија на над 107 долари за барел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата