Пукање во училиште на Филипините: Загинаа три деца, а осум се повредени

18.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукање во училиште на Филипините: Загинаа три деца, а осум се повредени

„Сите жртви се ученици на возраст од 14 до 17 години. Четворица од повредените се во критична состојба“, изјави за Ројтерс Алберт Паленсија, градоначалникот на Банга.

Медиумите претходно известуваа, повикувајќи се на локални претставници, дека најмалку едно лице загинало, а четворица биле ранети.

Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Банга“ во провинцијата Јужен Котабато, на југот на Филипините, според гувернерот на Јужен Котабато, Реиналдо Тамајо.

Наредникот на полицијата Реџи Фадерон претходно изјави дека има повеќе повредени и оти полицијата ги утврдува деталите.

Пред точно еден месец, најмалку две лица загинаа, а девет беа повредени при пукање во училишниот комплекс во градот Замбоанга, на југот на Филипините – поточно во кампусот на средното училиште при Универзитетот „Атенео де Замбоанга“.

Според градоначалникот, осомничениот, ученик во седмо одделение, влегол во училиштето на 18 август вооружен со пушка и пиштол, отворил оган врз учениците и наставниците, а потоа си го одзел животот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата