Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

4.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма.

Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи.

„Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп.

Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата.

„Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава.

Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата