Познато е што имало на менито на свечената вечера во чест на Трамп и Путин- десертот е особено егзотичен

18.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познато е што имало на менито на свечената вечера во чест на Трамп и Путин- десертот е особено егзотичен

На лидерите на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) им се служат разни кинески специјалитети, вклучувајќи јастог, риба, стек и традиционални кантонски деликатеси, на гала вечера што ја организира кинескиот претседател Си Џинпинг, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Според објавеното мени, вечерата на која главни гости се Доналд Трамп и Владимир Путин ќе започне со ладно предјадење наречено „Град на големиот змеј“, по што ќе следи супа од риба со кинески маслинки и пржен јастог со ѓумбир и млад кромид.

Главните јадења вклучуваат риба на пареа со соја сос, стек со печурки, како и смрчки, високо ценета и ретка дива јадлива печурка, млада зелка и костени во сос од шафран.

За време на вечерата, на гостите ќе им се служи и избор од три вида традиционален кантонски дим сам, традиционални кинески јадења во форма на мали порции што се служат во бамбусови корпи или на мали чинии.

Десертот вклучува супа од црвен грав со кора од мандарина и семки од лотос, колачи, свежо овошје и сладолед.

Вечерата завршува со кафе и чај.

Јадењата се придружени со вина од кинеските региони, вклучувајќи Каберне Совињон од 2019 година од Нингсија, бело вино од 2020 година и ледено вино од личи од покраината Гуангдонг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата