Пожар во фабрика за бонбони во Индонезија: Најмалку седум загинати, десетици се водат за исчезнати

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во фабрика за бонбони во Индонезија: Најмалку седум загинати, десетици се водат за исчезнати

Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс.

Пламените јазици ја зафатиле трикатната фабрика на компанијата „Фонуса Агунг Мулија“ во која се се произведуваат млечни бонбони, при што густ црн чад се издигал кон небото, покажуваат обајвените видео снимки. 

Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници.

Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели.

Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата