Бројот на повредени се зголемил на 119 откако неколку лица дополнително се пријавиле во болница за преглед. Меѓу повредените има 14 француски државјани, 11 Италијанци и четворица Срби, а повредни и има и од Босна и Херцеговина, Белгија, Луксембург, Полска и Португалија. Властите во Швајцарија соопштија дека околу 50 лица се испратени или ќе бидат префрлени во околните европски земји на лекување во специјализирани центри за изгореници. Македонските здравствени власти одговориле на повикот на Швајцарија за помош во сместување и здравена експертиза која сепак одлчила да ги испрати повредените претежно во земјите од каде и потекнувале изјави премиерот Мицкоски.
Од МНР сеуште немаат нови информации околу исчезнувањето на Стивен Ивановски бидејќи се чека на информации од Швајцарските власти.
Засега се идентификувани 5 од жртвите. Еден млад спортист со потекло од Италија, две млади девојки на возрааст 16 и 21 година од Швајцарија и две момчиња на возраст 16 и 18 години од Швајцарија чии тела се предадени на семејставата. Швајцарските власти ја почнаа истрагата за пожарот и засега се утврдува дели материјалите кои се користеле за звучна излоација – сунѓерите биле дозволени од безбедносни причини бидејки по сите снимки кои се појавија се гледа дека пожарот е настанат од прскалки кои се поставени на промотивни шишиња со шампањ од кои првично се пали дел од тавано. Според обвинителката која го води случајот барот сепак имал дополнителен излез за итни случаи но од паника речиси никој не го пронашол и сите се упатиле низ тесните скали кон главниот влаз од каде дошле на прославата.

