Последна снимка од авионската несреќа во која загина ТВ водителка: Немаше шанси да преживее (ВИДЕО)

22.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Последна снимка од авионската несреќа во која загина ТВ водителка: Немаше шанси да преживее (ВИДЕО)

Имено, по смртта на познатата мексиканска водителка, на TikTok се појавија неколку видеа од авион што паѓа од небото, за кои се тврди дека во него била водителката.

- Вака се сруши авионот во кој била Дебора - беше напишано.

На видеото се гледа како авионот прави чудни кругови на небото, додека цело време чади, а потоа се урива на земја.

„Луѓе, тука беше јасно дека таа нема да преживее...“, е еден од коментарите.

@.concienciax #terror #debora #miedo #muertademiedo #avioneta ♬ For movie / picture / action / suspense - G-axis sound music

Нејзиниот поранешен сопруг исто така се огласи - потврдувајќи ја нејзината смрт

Позната мексиканска ТВ личност, Дебора Естрела, почина неколку минути откако ја објави последната фотографија од авионот во кој го загуби животот додека се подготвуваше за час по летање.

Авионот се сруши на земја покрај индустриски комплекс во градот Гарсија во североисточната држава Нуево Леон.

Поранешниот сопруг на Дебора, Хозе Луис Гарсија, исто така новинар, објави вест за авионската несреќа на социјалните мрежи кратко откако дозна дека неговата поранешна сопруга е една од двете жртви, пишувајќи: „Авионот се урна“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата