„Тајмс оф Израел“ наведува дека судијата проценил дека нема разлика помеѓу Соломош и другите осомничени во истрагата за протекување информации од воениот притворен центар „Сде Тејман“, кои претходно беа ослободени со ограничувања.
Соломос беше уапсен претходно оваа недела под сомнение дека и помогнал на поранешната генерал-мајорка и воена советничка Јифат Томер-Јерушалма да го прикрие своето учество во објавувањето на снимките од надзорните камери на кои наводно се гледа како војници малтретираат притворен Палестинец од Газа.
Полицијата ја уапси Томер-Јерушалми во неделата, во северен Тел Авив.
Таа поднесе оставка во петокот наутро откако министерот за одбрана Израел Кац се обиде да ја отстрани.
Во својата оставка, таа наведе дека одобрила објавување на видео за каналот „Н12 Њуз“ во кое израелски војници наводно сексуално злоупотребуваат палестински затвореник.

