Попладнево средба Трамп – Зеленски во Флорида, статусот на Донбас и нуклеарката Запорожје клучни теми

28.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Попладнево средба Трамп – Зеленски во Флорида, статусот на Донбас и нуклеарката Запорожје клучни теми

На средбата од високо значење Зеленски пристигна носејќи ја тежината на иднината на неговата земја, неговиот денешен соговорник пак кон Флорида се упати порелаксирано, откако само неколку часа пред полетувањето одигра партија голф.

Пред да продолжи кон Флорида, украинскиот претседател слета во Халифакс – Канада каде одржа видео повик со европските лидери и средба со канадскиот премиер Марк Керни, од кого доби недвосмислена поддршка. Претседателката на ЕК – Фон Дер Лајен му посочи – целта Украина е да ги зачува суверенитетот и територијалниот интегритет. Во очи средбата, не изостанаа ниту руските бомби ниту острите пораки на релација Мосвка - Киев... Зеленски кој, по дронскиот и ракетен напад го обвини Путин дека е човек на војната, а не на мирот, рече дека се надева дека ќе се избори за подобри позиции околу територијалните отстапки, кои се повеќе од извесни...

-Овој напад е повторно рускиот одговор на нашите напори за постигнување мир и ова вистински покажува дека Путин не сака мир. Ние сакаме мир, но тој е човекот на војната и се плаши за тоа да зборува јавно, но ние ги гледаме тие чекори и тоа шти треба да го направиме е да ја запреме оваа војна на некој начин и ни требаат две работи – притисок врз Русија и сериозна поддршка за Украина. - Володимир Зеленски – Претседател на Украина

Пред средбата остра и заканувачка порака пристигна и од рускиот претседател – Владимир Путин кој кажа, или украинските власти ќе посегнат по мирот или предизвиците Русија ќе ги реши на сила.

-Гледаме, за жал, дури и денеска дека на лидерите на режимот во Киев не им се брза да го решат конфликтот на мирен начин. Ако властите во Киев немаа волја да ја решат состојбата на мирен начин, ние ќе ги решиме сите предизвици пред нас преку специјална воена операција, преку сила. - Владимир Путин – Претседател на Русија

Улиците на Киев во меѓувреме се полупразни по последните руски напади кои ги обесхрабрија дел од граѓаните дека ќе дојде до решение, други пак го задржуваат оптимизмот...

-Искрено, не би рекла, бидејќи веќе видовме вакви преговори и договори, а вчера, да вчера имаше напади повторно. Мислам дека Русија ќе го развлекува ова(мирот) колку е може. Ќе има преговори и преговори и нема да водат кон ништо. Очекувам и се надевам и верувам дека мирот ќе дојде во блиска иднина. Сакам да се надевам, навистина сакам./ Сакаме да заврши(војната), но не можеме да направиме ништо околу тоа.

Најцврстиот јазол кон мирот е инсистирањето на Моссква да се предаде целиот Донбас, вклучително и подрачјата кои се под контрола на Киев. Зеленски од другастрана изрази надеж за ублажување на американскиот предлог за целосно повлекување на украинската војска од регионот. Во спротивно, пред украинските на референдум ќе гласаат за мировниот план, период во кој Русија ќе мора да го запре огнот 60 дена. Сепак, последните анкети сугерираат дека украинските граѓани на референдум би биле против мировниот договор во постојната содржина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата